Се гледа ли крајот на холивудскиот штрајк: Филмски студија нудат понуди

Синдикатот на холивудските сценаристи кој го започна штрајкот соопшти дека добил понуда од филмски студија која ќе ја разгледаат, што е јасен знак за напредок во бунтот кој трае повеќе од 100 дена, поддржан од голем број филмски работници.

Здружението на сценаристи на Америка (VGA) соопшти дека ќе одговори на предлогот на холивудските студија следната недела „откако ќе ја разгледа“ понудата од Здружението на филмски и телевизиски продуценти, кое преговара во име на неколку компании, вклучувајќи ги „Волт Дизни“ и „Нетфликс“, пишува „Ројтерс“.

Претставниците на двете страни се состанаа на четврти август за да разговараат за продолжувањето на преговорите и прашањата што треба да се донесат на преговарачка маса, но VGA потоа ги критикуваше студиите за одложувањето.

Штрајкот започна на 2 мај, откако преговорите меѓу VGA и големите студија дојдоа во ќорсокак околу компензацијата, недостигот на персонал и заостанатите плати.

Сценаристите исто така сакаат да ја регулираат употребата на вештачка интелигенција, за која стравуваат дека може да го замени нивниот креативен придонес.

Актерите претставени од Здружението на актерите на екранот (САГ) стапија на штрајк на 14 јули, исто така, поради платите и вештачката интелигенција, прекинувајќи го производството на телевизиски емисии и филмови.

Ова е првпат двата синдиката да штрајкуваат од 1960 година. Најдолгиот забележан штрајк на сценаристите траел 154 дена и бил организиран во 1988 година.

Извор: novosti.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни