Формирањето на шестиот океан на Земјата започна во геолошки феномен, иако може да поминат милиони години пред да заврши процесот, објави американското списание „Geophysical research letters“.
Во последниве години, истражувачите открија дека двата дела на африканското копно се оддалечуваат, процес кој, доколку продолжи, би предизвикал меѓу нив да почне да се формира нов океан.
Новиот океан ќе предизвика африканскиот континент да почне да се дели на половина, при што јазот се наоѓа на границите на африканските, арапските и сомалиските тектонски плочи.
Морскиот геофизичар и професор на Универзитетот во Калифорнија, Кен Мекдоналд, зборувајќи за ова откритие како целина, рече дека „Аденскиот Залив и Црвеното Море ќе го поплават регионот Афар и источноафриканската долина Рифт и ќе станат нов океан“.
„Тој дел од Источна Африка ќе стане свој посебен мал континент“, рече Мекдоналд.