Се чистат одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово

 Подружницата на Македонија пат информира дека поради зголемен број одрони на патот Делчево – Пехчево – Берово, екипи на претпријатието вечерва работат на нивно чистење. 

Одроните, како што соопштија, се најизразени на одредени делници кај селата Тработивиште и Истевник, заради што апелираа на внимателно возење на регионалниот пат.


– Апелираме на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Екипите остануваат на терен до целосно отстранување на одроните, информираа од Македонија пат.

Претходно одрони се чистеа и на магистралата А3, која е дел од патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни