До 21 јули е отворен повикот за актерки и актери во аудиодрами што објави тимот на „Самоглас“ во рамки на проектот „Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“. Предвидено е снимање на три драмски текста од Стефановски во форма на аудиодрами, и тоа: „Дупло дно“, „Гоце“ и „Диво месо“ режирани од Дамјан Костовски, Владимир Николовски и Александар Ивановски.
Предност ќе имаат актери кои се невработени т.е. не се во постојан работен однос со јавна институција од областа на културата. Повеќе информации на линкот.