Ба 27 март 2021 година во Белград почина легендарниот пејач и композитор Зафир Хаџиманов. Роден е во Кавадарци на 25 декември 1943 година. Во семејството бил првиот кој започнал да се занимава со музика уште од неговите средношколски денови во Велес. Се запишал на фармацевтскиот факултет во Белград, но го напуштил за да се запише на Вишата педагошка школа во Скопје, на отсек музика, со што започнува неговата богата музичка кариера. Зад себе, Васил Хаџиманов оставил над 5.000 записи од македонски изворни песни.
Тој во 1967 година дипломирал на Факултететот за драмски уметности во Белград, каде и го поминал речиси целиот животен век, во брак со една од најпознатите југословенски пејачки Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имале синот Васил Хаџиманов, познат џез-музичар.
Во 1991 година, Хаџиманов бил еден од основачите на друштвото за македонско-српското пријателство „Шар Планина“ и на здружението на Македонците во Белград, „Македониум“. Поради неговите заслуги за промоцијата на македонската култура во Србија, во 2007 година, тој бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија. Хаџиманов е автор е на две прозни книги и на шест стихозбирки: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Во 1975 година, тој освоил награда на Струшките вечери на поезијата.
Од бројните песни што ги испеал Зафир Хаџиманов, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. Во 1965 година го освоил првото место на познатиот Опатиски фестивал, со песната „Зошто доаќаш само со дожд“. Публиката во Белград особено го памети по улогата на Жан Валжан во мјузиклот „Клетници“ во режија на Небојша Брадиќ, кој бил поставен на сцената на „Мадленианум“.
Тој е автор на две музички книги за деца. Во 2003 година, ја освоил награда на Меѓународниот фестивал на шансони во Загреб. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци, на 3 декември бил дистрибуиран како подарок, во склоп на списанието „Теа модерна“. Проектот бил поддржан од Министерството за култура на Македонија, а издавач на албумот била продукциската куќа „Пасворд“
Зафир Хаџиманов почина на 27 март 2021 година во Белград, како последица на инфекцијата со вирусот Ковид-19.
Во 2021 година постхумно му е доделен Орден за заслуги за Македонија.