Сценарија од две епизоди на „Пријатели“ кои беа пронајдени во ѓубре продадени на аукција

Продадени на аукција во Обединетото Кралство за 22.000 фунти

Две сценарија за американската ТВ серија „Пријатели“, пронајдени во ѓубре пред 25 години, се продадени на аукција во Обединетото Кралство за 22.000 фунти (25.500 евра). Првичната проценка за сценаријата за двете епизоди „во кои е свадбата на Рос“ беше помеѓу 600 и 800 фунти.

Доставени се вкупно 219 понуди од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Германија, Шпанија, Австралија, Украина, Дубаи и Швајцарија, а конечен купувач беше меѓународен понудувач кој учествуваше онлајн.

Вработените во аукциската куќа Хансон Рос во Хертфордшир изјавија дека се „воодушевени од феноменалниот глобален интерес“ за сценаријата, кои требаше да бидат уништени веднаш по снимањето во 1998 година.

Сценаријата случајно ги пронашла поранешна вработена во лондонското студио „Фунтајн“ и стоеле на нејзината ноќна маса повеќе од 20 години, соопшти аукциската куќа.

Извор:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни