Мартин Саздов: Стојанче ја тепаше Ивана пред Катја кога се враќаше дома издрогиран

Сведокот Мартин Саздов пред судот изјави дека Ивана живеела во страв, трпела физичко и психичко насилство и се плашела дека ќе ѝ ја земат ќерката.

Сведокот Мартин Саздов денеска изјави пред судот дека Ивана му раскажувала дека Стојанче Јовановски секоја вечер кога се враќал дома издрогиран ја тепал пред нивната ќерка Катја, додека истовремено ѝ се заканувал, ја уценувал и психички ја малтретирал, поради што таа живеела во постојан страв и побарала и психолошка помош.

Во своето сведочење, Саздов рече дека Стојанче се дрогирал уште од времето кога двајцата работеле заедно во Пожарната служба, а состојбата дополнително се влошила откако бил фатен со дрога од полицијата. Тогаш, според Саздов, Стојанче почнал да ги обвинува него и Ивана дека му „местеле“ дрога.

Саздов сведочеше и дека Ивана многу се плашела од заканите што ги добивала, особено од тоа што Стојанче ѝ велел дека ќе објави експлицитни видеа од неа за да ја посрамоти. Таа, како што рече сведокот, постојано стравувала и дека може да ѝ ја земе Катја, за која зборувала дека ѝ е „животот“.

Според неговото сведочење, Ивана сакала да си го врати станот што сама го отплаќала и уредувала, затоа што Катја си ја барала својата соба, а имотот за неа претставувал сè за што работела и вложувала. Во меѓувреме, тврдеше Саздов, Стојанче не придонесувал за домашниот буџет, туку ја економски ја искористувал, па дури ја натерал и да извади 40 илјади денари од својата кредитна картичка и да му ги даде.

Саздов рече дека Ивана поради сето тоа била психички скршена, затворена и исплашена, поради што побарала помош и од психолошко советувалиште и почнала да зема антидепресиви. Тој изјави и дека ја убедувал да се тргне од таа средина и да живее кај мајка ѝ, нудејќи ѝ и пари за кирија, но таа не сакала да го напушти станот за кој со години плаќала кредит и се борела сама.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни