Компанијата за развој на софтвер Niantic Labs соопшти дека ја продава својата дивизија за видео-игри на фирмата Scopely, која е во сопственост на Саудиска Арабија, за 3,5 милијарди долари (3,2 милијарди евра). Американската технолошка компанија се одлучила на овој потег по неуспехот да го повтори успехот на својот хит од 2016 година “Pokemon Go”, пренесе Guardian.
Компанијата Niantic е формирана во 2010 година како интерен стартап во рамки на Google, а најпозната е по развојот на мобилни игри со проширена реалност, меѓу кои се покрај Покемоните и Ingress.
Спогодбата, која беше објавена, треба да ги зајакне амбициите на Саудиска Арабија да стане светски центар за игри.
Државниот фонд на кралството ја купил Scopely за 4,9 милијарди долари во 2023 година. Откако Pokemon Go стана една од најуспешните мобилни игри, Niantic не успеа да го повтори својот успех и мораше да отпушта вработени во 2022 и 2023 година.