Во Саудиска Арабија ќе се отвори првата продавница за алкохол по паузата од повеќе од 70 години. Муштерии во продавницата во Ријад ќе може да бидат само дипломатите кои не се муслимани.
Саудиските власти велат дека на овој начин сакаат да ја спречат недозволената трговија на алкохол.
Овој потег означува уште еден чекор кон социјалната либерализација во кралството кое во исламот се смета за едно од најсветите места.
Иако продавницата ќе биде исклучиво за немуслиманските дипломати таа е лоцирана во Дипломатскиот кварт на Ријад, а оваа одлука се усогласува со амбициозните планови на престолонаследникот Мохамед бин Салман да ја трансформира Саудиска Арабија во просперитетен туристички и бизнис центар.
Еден од дипломатите кој даде анонимна изјава, вели дека ја посетил продавницата и го споредил амбиентиот со останатите продавници за алкохол низ светот. Мометално во продавницата може да се најде ликер, вино и само два вида на пиво а од клиентите се бара да ги покажат своите дипломатски легитимации а телефоните да ги стават во своите чанти додека пазаруваат.

Конзумирањето алкохол е забрането во исламот, а Саудиска Арабија останува една од ретките земји во светот со строга забрана за алкохол, заедно со соседните Кувајт и Шарџа во Обединетите Арапски Емирати. Саудиска Арабија го забрани алкохолот од раните 1950-ти.
Извор: https://www.euronews.com/2024/01/24/saudi-arabia-opens-its-first-alcohol-shop-in-more-than-70-years