Сателити открија масовни истекувања на метан: Тивка климатска закана за планетата

Но без политичка волја и притисок, предупредуваат експертите, овие „невидливи“ истекувања може да продолжат да ја забрзуваат климатската криза тивко, но со огромни последици.

Научниците предупредуваат дека метанот, еден од најсилните стакленички гасови станува сè поголема закана за климата, откако нови сателитски податоци открија десетици огромни „мега-истекувања“ низ светот во 2025 година.

Според анализата објавена од UCLA, во рамки на проектот „Stop Methane“, најголем дел од овие истекувања се регистрирани во Turkmenistan – земја која веќе подолго време е под лупа поради нејасните и високи емисии.

Но проблемот е глобален. Значајни извори на метан се откриени и во САД (особено во Тексас), како и во Венецуела и Иран

Каде се најголемите извори?

Истекувањата најчесто доаѓаат од нафтената и гасната индустрија (лошо одржувана инфраструктура) и од депонии, каде органскиот отпад се разградува и ослободува метан

Големи емисии од депонии се регистрирани и во Турција, Алжир и Малезија и повторно во САД

Зошто метанот е толку опасен?

Метанот моментално е одговорен за околу 25% од глобалното затоплување, а неговите емисии нагло растат од 2007 година.

Иако се задржува пократко во атмосферата од CO₂, неговото влијание е многу посилно на краток рок. Токму затоа научниците го нарекуваат „брза кочница“ за климатската криза – ако се намали, ефектите може да се почувствуваат релативно брзо.


🛠️ Проблем со решение – но без акција

Она што особено загрижува е фактот што многу од истекувањата се технички лесно решливи а во некои случаи, зафатениот метан може повторно да се користи како енергија

Сепак, според The Guardian, научниците се фрустрирани бидејќи решенијата не се применуваат доволно брзо, а многу компании не одговараат на повиците за одговорност.

Што значи ова за планетата?

Новата сателитска технологија овозможува прецизно откривање на изворите на загадување – па дури и идентификација на одговорните компании.

Но без политичка волја и притисок, предупредуваат експертите, овие „невидливи“ истекувања може да продолжат да ја забрзуваат климатската криза тивко, но со огромни последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни