Роден во Битола, професорот Сашо Поповски може да се смета за водач на таканаречениот балкански џез, струја на музика од афро-американско потекло која има тенденција да фаворизира шумливи синтези со теми од медитеранскиот фолклор, исто така свирени на намерно сливови меѓу источноевропскиот ритмички тактус и тој правилно џези, и обележан со експресивно истражување кое има тенденција да ја подобри композицијата, пристапено со ефективни унисони меѓу инструменталните делови, без занемарување на импровизацијата. Осовач е на Џез Фактори Битола, фестивал за џез музика кое годинава се случува по осми пат од 16 до 19 април.
Трн: Што нуди осмото издание на Џез Фактори Битола?
Сашо: Возбудлива програма поделена во три фестивалски вечери кои се стилски поделени современ џез во првата, традиционален џез во втората и експериментален џез во третата вечер. 4 концерти на интернационални артисти и 3 концерти на Македонски артисти.
Трн: Како се избира програмата за фестивалот и на кој начин одлучувате кои изведувачи да ги поканите?
Сашо: Следењето на трендовите, реакциите на публиката како и комуникацијата со редовните посетители игра голема улога во одлучувањето и селекцијата на програмата. Ние како уметнички тим се трудиме максимално да ја претставиме современата денешна џез сцена во Битола и имајќи го во предвид буџетот со кој го реализираме фестивалот многу често не сме во можност да ги донесеме посакуваните светски џез уметници. Но фестивалот расте од година во година ја задржува нагорната линија на развој и во секое ново издание имаме по еден или два ексклузивни артисти од највисок светски ранг!

Трн: Како се развиваше фестивалот низ годините?
Сашо: Почетоците на фестивалот се од 2011г преку проектот Џез Фабрика – серијал од мултимедијални работилници за деца кој во 2018г. прерасна во Џез Фабрика Фестивал. Клучен исчекор за развојот и брзиот напредок на фестивалот одигра партнерството со НУ Народен Театар Битола и вклучувањето во годишната програма за култура на Општина Битола под чија што патронажа фестивалот се реализира од 2020г.
Трн: Кои се некои од најзначајните моменти во историјата на фестивалот досега? Што би издвоиле од настапи или изведувачи?
Сашо: Во изминатите години на фестивалот настапија врвни уметници од Македонија и странство меѓу кои: Николас Гардел (Франција), Џулија Сајдл (Австрија), Сакис Пападимитриу (Грција), Анлишт Коорпоратион (Полска), Баба Сиссоко (Мали), Баптист Хербин (Франција), Ермано Панта (Шпанија), Теодосиј Спасов – (Бугарија), Васил Хаџиманов – (Србија), Куарем Квартет (Франција), Наташа Роџерс (Франција), Хјуман Тач (Грција), Фишерманс Оркестар (Швајцарија), Ликвид Карпет (Словенија), Фанфара Статион (Италија), Арменд Џафери (Косово), АЈС Квартет (Албанија), Славен Љујич (Црна Гора), Милан Пертовиќ (Србија), Тони Китановски, Џијан Емин, Гоце Мицанов, и др.

Трн: Што го прави Битола посебно место за одржување на џез фестивалот?
Сашо: Публиката, културата и степенот на познавање на џез уметноста. Нескромно ќе кажам дека Битола има навистина одлична публика која знае да награди но и да критикува. Она што и недостасува секако е модерен џез клуб кој би се грижел за природниот развој на џез сцената во градот и државата.
Трн: Кои се најголемите предизвици во организирањето на
Сашо: Буџет, Буџет, Буџет!
Трн: Што носи и колку е важна децентрализацијата на културата за помалите општини и региони?
Сашо: Културната децентрализација игра клучна улога во спречувањето на миграцијата кон главните градови. Зголемувањето на културната понуда е од круцијално значење во создавањето на нормално и современо општество.

Трн: Каква реакција од публиката очекувате и како фестивалот допринесува за развојот на љубовта кон џез музиката во регионот?
Сашо: Публиката во Битола е пребирлива, критична, ги цени и наградува добро организираните концерти. За 8то издание на фестивалот во нашата понуда се високо рангирани светски џез имиња како и домашни веќе докажани артисти. Се надеваме на позитивни реакции и успешен фестивал.
Трн: Фестивалот во иднина? Нови локации, жанрови или меѓурегионални соработки?
Сашо: Оваа година за прв пат имаме дисперзиран концерт во Скопје – Аудиокултура со што ја продолжуваме 5 годишната континуирана соработка со овој клуб, во претходните изданија слични соработки реализиравме со Џез-ин клубот во Охрид. Локацијата во Битола останува непроменета НУ Народен Театар и клубот Бурбон Стрит. Во иднина би сакале доколку буџетот на фестивалот дозволи да организираме и 7 дневна работилница со млади музичари до 24 години каде ментори би биле предавачи од Франција, Србија, Црна Гора и Албанија преку мрежата Франција-Балкан чиј партнер сме од 2020год.