Сашо Димоски ја доби наградата „Антево перо“ за 2024 година

Жири-комисијата за доделување на наградата „Антево перо“ за 2024 година ја додели оваа престижна награда на Сашо Димоски за неговата стихозбирка „Музеј на заборавот“. Во конкуренција од 75 пристигнати стихозбирки, во потесен избор влегоа седум дела, од кои „Музеј на заборавот“ се истакна со својот уникатен пристап кон поетскиот израз и длабоката емотивна димензија.

Покрај главната награда, Жири-комисијата оваа година додели и три награди „Антев златник“, како и наградата „Антев часовник“ на двајца млади поети. Официјалното прогласување на победниците и врачувањето на наградите ќе биде соопштено во следното соопштение.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни