Сашко Коцев e лауреат на МТФ Денови на комедија 2024

Актерот Сашко Коцев e лауреат на МТФ Денови на комедија 2024, соопштија организаторите на фестивалот.

Советот на Фестивалот МТФ Денови на комедија Куманово ја доделува награда „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата.

Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот Денови на комедија 2024 кон крајот на септември.

Најново

Последни колумни