Сашка Колеска го освои светскиот врв во спортското танцување!

„Овој резултат претставува кулминација на години напорна работа, континуирана поддршка од нејзините тренери и одлична организациска основа преку ТСК „Ритам Плус“ велат од клубот.

Македонија има нова шампионка во спортското танцување! Сашка Колеска, членка на ТСК „Ритам Плус“ Скопје, на 3 мај 2025 година го освои првото место на престижниот WDSF Zagreb Dance Grand Prix, со што се искачи на првото место на светската ранг-листа во својата категорија.

„Со овој историски успех, Сашка не само што ја потврди својата извонредна форма и посветеност, туку и уште еднаш ја втисна Македонија на светската танцова мапа. Овој резултат претставува кулминација на години напорна работа, континуирана поддршка од нејзините тренери и одлична организациска основа преку ТСК „Ритам Плус“ велат од клубот.

„Чувството е неверојатно. Благодарна сум за секој миг на поддршка и верба од мојот тим, моите родители, и мојата публика. Ова е победа за сите нас,“ изјави Сашка веднаш по завршувањето на натпреварот.

На истиот натпревар, одлични резултати постигнаа и останатите натпреварувачи од ТСК „Ритам Плус“:

  • Ана Колеска во старосната категорија Јуниори 1 – финале во стандардни танци и седмо место во латиноамерикански танци
  • Бориана Илиевска – седмо место во латиноамерикански танци
  • Теодора Стојановска – деветто место во стандардни танци
  • Забележителен настап имаше и нашата Илина Џартовска, која ја потврди својата континуирана напредна форма

Натпреварувачките на ТСК Ритам Плус во Загреб беа придружувани од тренерот и национален судија Иван Ангелковски и од Верица Василеска, која беше и дел од судискиот панел на дел од WDSF натпреварите. 

Овие резултати се доказ за високото ниво на македонското спортско танцување и мотив повеќе за идните генерации млади танчери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни