Сараево повторно на нозе: За денес закажани нови протести, објавени конкретни барања

Во Сараево денеска продолжуваат протестите по трамвајската несреќа. Демонстрантите бараат транспарентна истрага, повлекување на старите трамваи и оставки од одговорните, по што премиерот Нихад Ук поднесе оставка.

Во Сараево денеска со почеток во 12 часот, ќе се одржат нови протести – четврти ден по ред. Зад организацијата стојат неколку неформални групи граѓани, меѓу кои и иницијативата „Ќе стигне ли промена“.

Организаторите на социјалните мрежи ги објавија своите конкретни барања до надлежните институции, по трагичната трамвајска несреќа што ја потресе јавноста.

Клучни барања на демонстрантите

  1. Целосна и транспарентна истрага – објавување на сите информации поврзани со случајот, вклучително и податоци за сервисирањето на трамваите, како и снимки од надзорните камери во возилото во моментот на несреќата.
  2. Итно повлекување на старите трамваи од сообраќај – додека не поминат повторен технички преглед и сервисирање, со јавно објавување на податоците за нивната исправност.
  3. Оставки од одговорните лица во системот на јавниот превоз и утврдување одговорност на сите нивоа.
  4. Изградба на безбеден и квалитетен јавен превоз, како и запирање на процесите на приватизација на градскиот сообраќај.

Политички последици

По протестите одржани на 15 февруари, премиерот на Кантонот Сараево, Nihad Uk, поднесе оставка, што дополнително ја засили политичката криза во кантонот.

Граѓанските иницијативи најавуваат дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполнат нивните барања и не се обезбеди системска одговорност и безбедност во јавниот превоз.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни