Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, е прогласен за најдобра дестинација во светот во избор од 25 града, по избор на читателите на National Geographic Travel.
Одлуката што ја донесоа читателите на овој магазин, е дел од изборот „Најдоброто од светот 2025 година.„
– Вековната историја на Сараево е вткаена во неговите природни убавини, како што е реката Миљацка, која тече под повеќе од десетина мостови, вклучувајќи го и Латинскиот мост и пешачкиот мост на Скендерија изградени од истиот материјал – пишува National Geographic, истакнувајќи дека Сараево е идеална дестинација за сите авантуристи бидејќи тие можат да избираат помеѓу рафтинг, алпско скијање или планинарење.
Тунис е на второ место, додека споменикот Хебриди во Шкотска е на трето место.