Сара Џесика Паркер откри зошто речиси се откажала од серијата „Сексот и градот“

Сè се променило кога ја запознала легендарната костимографка Патриша Филд. Одеднаш, како што вели, „чувството на притисок се претвори во свет на бесконечни можности“.

Иако улогата на Кери Бредшо ѝ донесе светска слава, Сара Џесика Паркер откри дека речиси се откажала од серијата „Сексот и градот“.

Како што пишува Deadline, актерката во гостување во подкастот Are You a Charlotte?, што го води нејзината колешка од серијата Кристин Дејвис, изјавила дека по снимањето на пилот-епизодата во 1997 година, побарала од својот агент да ја извлече од проектот.

„Откако серијата доби зелено светло, добив паника. Помислив дека не можам да глумам во телевизиска серија. Не бев сигурна дали таквиот живот ми одговара“, се присети Паркер.

Иако снимањето на првата епизода било прекрасно искуство, идејата дека ќе биде врзана за долгорочен проект ја плашела.

„Среќна бев што учествував во серии што траат една или две сезони. Запознавав одлични луѓе, работев со врвни актери и режисери, а потоа преминував на нов проект.“

Сакала да се посвети на театарот и филмот

Иако имала искуство со телевизија, повеќе ѝ одговарале помали улоги што ѝ овозможувале време за работа во театар и на филмови.

„Сакав да бидам во движење. Тоа ми беше најважно“, објасни Паркер.

Но, кога сфатила дека серија како „Сексот и градот“ би ѝ ги ограничила можностите, почувствувала анксиозност.

„Имав чувство дека некој ме гуши. Тоа беше многу чудно искуство“, призна таа.

Во очај, ги контактирала своите агенти со молба да ја ослободат од договорот, па дури понудила да сними неколку филмови за продукциската куќа во замена. Но агентот ѝ рекол:

„Сними ја првата сезона, ако не ти се допаѓа – ќе престанеме.“

Сè се променило кога ја запознала легендарната костимографка Патриша Филд. Одеднаш, како што вели, „чувството на притисок се претвори во свет на бесконечни можности“.

Паркер решила да остане – и не се покајала.

Серијата Сексот и градот, инспирирана од колоните на Кендис Бушнел за New York Observer, се емитуваше на HBO од 1998 до 2004 година. Добила два успешни филмски продолженија (2008 и 2010), како и преднаративната серија The Carrie Diaries (2013–2014). Долгоочекуваниот продолжеток And Just Like That… дебитираше во 2021 на HBO Max, а третата сезона пристигнува на 29 мај 2025.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни