Сара Мејс или Димитар: Кој менува најмногу пелени по дома? | РеТрн ДУО

Во новата епизода на РеТрн ДУО ни гостуваат пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, но овој пат со специјална улога на нивниот син, малиот Кирил!

По дома, мама и тато се оние кои најчесто читаат приказни, но сега – Кирил реши да ги изненади и да им прочита приказна тој на нив! Колку ова беше успешно и дали Сара и Димитар издржаа до крај – ќе откриеме заедно!


Како како овој пар се запознал, што е она што најмногу го сакаат еден кај друг, но и што понекогаш ги вади од такт.

Ќе откриеме и кој менува најмногу пелени по дома (или кој најдобро бега од таа задача), кои се нивните скриени таленти и што најмногу на свет сакаат да прават Сара и Димитар.

Ако Сара не беше музичарка – која би била нејзината професија?

Не ја пропуштајте новата епизода на РеТрн ДУО!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни