Сапунот помага и за синдромот „немирни нозе“

Покрај примарна цел за чистење, сапунот може да има и други својства. Нпример да ги истера инсектите од вашата соба.

Затоа, ако во вашата соба често имате бубачки, чувањето на сапун блиску до креветот или на ноќното масиче може да ги спречи тие да влезат во вашиот простор. Дури и кога шетате, ставајте сапун во џебот затоа што инсектите нема да ве „нападнат“.

Се верува дека сапунот помага и при синдромот на „немирни нозе“. Луѓето кои го имаат овој синдром, постојано ги движат нозете и се будат среде ноќ поради грчеви. Синдромот може да влијае и на други делови од телото, вклучувајќи ја главата, рацете и торзото. За жал, не него не постои лек, но има многу алтернативни начини за ублажување на овие симптоми. Еден од нив е ставањето на сапун во постелнината. Сапунот ослободува јони кои ја ублажуваат болката кај таквите луѓе.

Под јорганот се става парче сапун, а најмногу може да помогне сапунот од лаванда и кокос. Самата лаванда има релаксирачко и благотворно дејство. Националната библиотека за медицина известува дека силните мириси како лаванда и кокос имаат вдишувачки својства кои го смируваат парасимпатичниот нервен систем и ги регулираат телесните процеси.

Ако се занимавате со градинарство, треба да знаете дека доколку ставите сапун во почвата ќе спречите да никне плевел но и ќе ги заштитите растенијата од бубачки и други животни, пишува House Digest.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни