„Сапорт Кочани“: Не ни се закануваат затоа што лажеме, туку затоа што ја зборуваме вистината

„Имаме закани затоа што зборуваме – но ја зборуваме вистината“, истакнаа од „Сапорт Кочани“. Според нив, тие немаат намера да отстапат од својата мисија, без разлика на притисоците.
Марш на ангелите – родители со фотографии од своите деца, во протестен повик за вистина и правда по трагедијата во Кочани.
Кочани

Активистите од „Сапорт Кочани“ беа вечерашни гости во емисијата „Претрес со Ландов“, каде што отворено зборуваа за проблемите со кои се соочуваат во локалната болница. Тие посочија на, како што велат, несоодветен однос од новата директорка, која дури и одбивала да ги сослуша, како и на пожртвуваноста на дел од медицинскиот персонал, која заслужува поголема поддршка и признание.

„Имаме закани затоа што зборуваме – но ја зборуваме вистината“, истакнаа од „Сапорт Кочани“. Според нив, тие немаат намера да отстапат од својата мисија, без разлика на притисоците.

„Од самиот почеток се соочуваме со пречки од сите страни, но остануваме доследни. Се обидуваме да функционираме нормално, без многу да експонираме сè што правиме, бидејќи видовме дека тоа само ни носи повеќе непријатели“, изјави Иван Ивановски од граѓанската иницијатива.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни