САНУ ја поддржува борбата на студентите

Извршниот одбор на Српската академија на науки и уметности (САНУ) изрази загриженост за зголемените тензии на општествената и политичката сцена во Србија, истакнувајќи ја поддршката за студентите кои се борат за својата иднина.

Во соопштението, Академијата потсетува на претходно изнесените ставови на неколку нејзини одделенија и одбори, нагласувајќи дека студентите, како и сите граѓани, имаат природно и легитимно право да се залагаат за подобро функционирање на државата, институциите и за поправедно општество.


САНУ ја поддржува нивната борба и потенцира дека протестите и сите облици на изразување незадоволство треба да се одвиваат мирно, со академско достоинство и во согласност со цивилизациските норми. Академијата упати апел до сите политички и јавни актери да го почитуваат овој дух на студентските протести и да овозможат нивните барања да бидат слушнати во демократски амбиент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни