Шпанскиот премиер Педро Санчез најави воведување ембарго на оружје за Израел, како дел од напорите – како што рече – да се „запре геноцидот во Газа“.
Девет мерки, кои веднаш стапуваат на сила, вклучуваат и забрана за патување за лица директно вклучени во она што го нарече „масакр“.
„Шпанија ќе биде на вистинската страна на историјата“, изјави Санчез, кој е еден од најгласните лидери во Европа во критиките кон израелските воени операции во Газа.
Дополнителните чекори ги вклучуваат: зголемување на хуманитарната помош за Газа, дополнително финансирање на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA) и абрана за увоз на производи од израелските населби
Целта е, според него, да се поддржи палестинскиот народ, но и да се осигура дека одговорните за нападите врз цивилното население ќе бидат гонети.
Во однос на можната формална обвинителна постапка за геноцид, Санчез изјави:
„Ова веќе не е одбрана, ниту напад – ова е истребување на немоќен народ.“