Јапонската премиерка Санае Такаичи побара средба со Ким Јонг-Ун за решавање на прашањето со киднапираните Јапонци

Премиерката Санае Такаичи потврди дека побарала дозвола од Северна Кореја за директна средба со лидерот Ким Јонг-ун, со цел конечно решавање на долгогодишното прашање за јапонските граѓани киднапирани во 1970-тите и 1980-тите години.

Јапонската премиерка Санае Такаичи објави дека побарала дозвола од Северна Кореја за средба со лидерот Ким Јонг-ун, со цел да се реши чувствителното и историски нерешено прашање за киднапираните јапонски државјани.

„Одлучна сум лично да се сретнам со претседателот Ким Јонг-ун за да изградиме нов и плоден однос меѓу Јапонија и Северна Кореја,“ изјави Такаичи на состанок во Токио посветен на ова прашање, додавајќи дека Пјонгјанг веќе е информиран за нејзината желба да го организира состанокот.

Таа потенцира дека ќе ги искористи „сите неопходни средства за решавање на ова прашање, бидејќи се работи за животите на жртвите и за националниот суверенитет на Јапонија“, истакнувајќи дека прашањето со киднапираните лица е врвен приоритет на нејзината влада.

Северна Кореја во 2002 година призна дека нејзини агенти киднапирале 13 јапонски граѓани во текот на 1970-тите и 1980-тите години со цел да ги обучуваат севернокорејските шпиони по јапонски јазик и култура. Јапонската влада официјално признава вкупно 17 случаи на отмици, но верува дека бројот е значително поголем.

Во 2002 и 2004 година тогашниот премиер Џуничиро Коизуми отпатува во Пјонгјанг, каде што се сретна со Ким Јонг-ил, таткото на Ким Јонг-ун, и успеа да обезбеди враќање на петмина киднапирани Јапонци, додека Северна Кореја тврдеше дека другите осум починале.

Поранешниот премиер Шигеру Ишиба, претходник на Такаичи, предложи отворање канцеларии за врска во Токио и Пјонгјанг за олеснување на дипломатските разговори, но идејата никогаш не беше реализирана.

Прашањето за киднапираните лица останува едно од најемотивните и најчувствителните дипломатски прашања во Јапонија, а во последните децении јапонските лидери повеќепати барале поддршка од САД. Минатата недела Доналд Трамп, за време на својата азиска турнеја, се сретна со семејствата на киднапираните во Токио, изразувајќи поддршка за јапонските напори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни