Сан Франциско сексуално најлиберален град за 2024 година

Фото: Flickr/zoxcleb

Четвртиот годишен Индекс на сексуално најслободни градови за 2024 година на Луст го рангираше Сан Франциско како најдобро место за најавантуристичките љубовници.

Истражувањето анализирало градови ширум светот, земајќи во предвид фактори како бројот на геј барови и настани, легалноста на сексуалната работа, првата на трансродови лица, закон за трансфобично и хомофобично однесување и употребата на контрацепција.

Минатата година како сексуално најслободен град беше Келн, но сега германскиот град падна на третото место, откако Сан Франциско се искачи.

Сан Франциско има 42 геј барови, како и Кастро, една од првите геј населби во САД.

Во Сан Франциско исто така има 26 секс шопови, каде што може да се најде се што ви е потребно за сексуалната авантура, а во годината изминатата година во овој град имало и 76 големи геј настани, покрај прајдот.

Таму исто така, по шести пат, се одржува и геј голф турнир, што е првиот ЛГБТИ+ спортски настан, кој е официјално одобрен од голф организацијата ПГА.

На листата од 27 градови од целиот свет, најблиску до нас се наоѓа Будимпешта на 24 местото.

Топ 10 сексуално најлиберални градови во светот:

  1. Сан Франциско
  2. Амстердам
  3. Келн
  4. Лисабон
  5. Ванкувер
  6. Барселона
  7. Берлин
  8. Виена
  9. Париз
  10. Хамбург

Најново

Последни колумни