Samsung најави лансирање на својот троен паметен телефон, уред на кој компанијата работи изминатиов период. До сега беа најавувани флексибилни и преклопни екрани, а сега се очекува и овој иновативен уред.
Компанијата официјално соопшти дека се произведени 200.000 примероци и дека наскоро се очекува нивно пристигнување во продавниците. Според досегашните информации, овој уред би можел да биде достапен помеѓу јули и септември 2025 година.
Исто така, Samsung најави дека во текот на оваа година ќе лансира четири паметни телефони на преклоп, а постои голема шанса Galaxy 3 Fold7 да биде потенок и преклопен.
Сè уште не е познато кој чипсет ќе го користат овие нови телефони, но според некои извештаи, Fold7 и Flip7 би можеле да користат Exynos 2500 чипсет, кој сè уште не е користен во серијата Galaxy S25.