Уметницата Јана Николовска на 13 ноември вп Аудиокултура во 19 часот, ќе ја отвори нејзината петта самостојна изложба на која таа ќе изложи нова продукција на дела. На нејзините дела е прикажана нејзината страст кон животот, нејзината заљубеност во сликарството и пасија кон апстрактната и метафизичка реалност. Јана, ја повикува публиката да стапи во една состојба на „занос“ и „заљубеност“ посетувајќи ја оваа изложба и потопувајќи се во нејзините дела.
Насловот на оваа изложба означува – Интензивна страст или восхит кон некој или нешто.
Делата на уметницата се произлезени од нејзината желба и потреба да го наслика тоа што не е видливо за човеково око и на публиката да им го претстави на слика. Уметницата се бави со апстрактни поими кои таа ги претставува според нејзините гледишта и разбирања за истите. На нејзините слики, уметницата истражува длабоки тематики и тематики од есенцијално и суштинско значење на човештвото.
Јана Николовска е родена 1994 година во Скопје, Македонија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. м-р Жанета Вангели, во 2018 година. Таа се занимаваше со создавање уметност многу пред да го започне факултетот. Првите медиуми во кои таа создаваше беа сликарството и цртањето. Отсекогаш ги сакала сликарството и боите. Ја сака слободата на создавање и флексибилноста што маслените бои и ја давата. Таа беше фасцинирана од начинот на кој маслените бои може да се мешаат и нанесат за да се постигне токму саканата нијанса и совршената густина на слојот што се бара. Како апстрактен експресионист, Јана Николовска користи боја за да ги изрази своите чувства, мисли, емоционални состојби и начинот на кој го гледа светот и сè во него. На нејзините слики можете да видите сосема нови интересни светови кои произлегле од нејзината имагинација и сензибилитет.
Покрај сликарството, таа се занимава и со фотографија и дигитални уметнички дела. Почнала да се занимава со уметничка фотографија фотографирајќи сцени од нејзиниот живот. Таа го истражуваше дигиталниот свет создавајќи многу различни колажи од нејзините фотографии, како и дигитални илустрации. Потоа, нејзиниот креативен процес ја натера да почне да експериментира и да работи со видео и звук што и отвори сосема нов интересен свет. Таа почна да снима видео материјали, а подоцна да го уредува материјалот во софтверот Da Vinci Resolve. Таа го создава својот експериментален звук во софтверот Ableton, користејќи MIDI контролер и го комбинира видеото со звукот за да создаде мултимедијално уметничко дело кое стимулира две човечки сетила во исто време.
Учествувала на многу групни изложби и четири самостојни изложби. Некои од местата каде што има изложено се: Галерија МЦ – Њујорк, МСУ – Скопје, НУ Музеј на Македонија – Скопје, Галерија Тurner House – Велика Британија, НУ Кинотека на РСМ, Галерија ФЛУ – Скопје, Галерија МКЦ – Скопје, Културно-информативен центар – Скопје, Јадро – Скопје, галерија FONTICUS – Грожњан, Хрватска.