Самостојна изложба на младот уметник Серхат Емрулаи во МСУ

Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“

На 5 септември, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба на младот уметник, Серхат Емрулаи добитник на наградата „Најуспешен автор и дело“, која му беше доделена минатата година на 14.Меѓународно биенале на млади уметници – „Будења“.

Куратори на изложбите се Ива Димовски, Бојана Јанева и Никола Узуновски.


Наградата се состои од самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје, која се доделува на двајца автори за нивните дела.

Младиот уметник Емрулаи, на минатогодишното Биенале победи со инсталацијата „Помеѓу“.

На 5 септември Серхат Емрулаи самостојно ќе се претстави со инсталацијата „Се селиме на нова локација“. Тој вешто ја интегрира уникатната архитектура на музејот во личен авторски наратив, претворајќи го просторот во клучна компонента од уметничкото дожувување. Со тоа, посетителите се вовлечени во внимателно трасиран пат преку просторен дизајн, промислено осветлување и симболични материјали, за да се предизвика длабока ангажираност кај посетителите за теми, како родови улоги, економски превирања и демографски промени.

Емрулаи (Германија, Кил, 1989) студирал ликовна педагогија на Академијата за ликовни уметности во Тетово до 2013 година. Во 2016 година, се преселува во Италија и се запишува на Академијата за ликовни уметности во Венеција, каде што првин дипломирал сликарство, а потоа завршил магистерски студии по сликарство на истата академија.

Досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби, работилници и аукции во Италија, Германија, Албанија и во земјава. Во 2022 година, самостојно има изложувано во Скадар, Албанија, а истата година, на покана од ВизАРТ, учествувал на колективна изложба одржана во Националниот историски музеј на Тирана, каде што е награден за „најдобар современ уметник“.

Изложбата се поддржана од Министерство за култура на Р.С.Македонија и долгогодишниот пријател на МСУ, Тиквеш.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни