Самостојна изложба на Наталија Зафироска во Пионери

Нејзините дела се инспирирани од непосредното искуство на градилиштата, каде што објектите сè уште се во својата првобитна, неизвесна состојба на постанување, пред да ја добијат својата конечна форма.

На 13-ти март во 20 часот, „Пионери“ најавува самостојна изложба на Наталија Зафироска, архитектка и уметница која поминала речиси седум години работејќи на архитектонски проекти во Катар.

Нејзините дела се инспирирани од непосредното искуство на градилиштата, каде што објектите сè уште се во својата првобитна, неизвесна состојба на постанување, пред да ја добијат својата конечна форма.

Во тие фрагменти, таа ги отвора прашањата за одржливоста, етиката на користењето ресурси, како и кревкиот однос меѓу човечката контрола и зачувувањето на природата.

Фрагменти на постанувањето

Убавината на моментот доловена преку непосредниот однос на објектите, боите и светлината.

Изворната, недопрена природа на самото постоење… или постанување.
Избледени сеќавања зачувани во нејасен одблесок на боја и светлина.
Нескриена мисла што предизвикува и срам и возбуда во исто време.
Ги открива објектите и материјалите во нивната првобитна состојба, ослободени од притисокот на очекувањата.
Ги открива фрагментите на постанувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни