Во среда на 02 април во 19.00 часот ќе биде отворена самостојната изложбата на Луљзиме Лека Муљаку „Метаморфоза II“
Луљзиме Лека Муљаку припаѓа на современата уметничка сцена и ја претставува генерацијата уметници кои својата дејност ја започнале со визуелен израз од 90-тите години.
Таа ќе се претстави во Националната галерија во објектот Чифте амам со самостојна изложба „Метаморфоза II“ со 50 слики од различни формати, интересен циклус со дела изработени во акрилна техника.
Изложбата „Метаморфоза II“, првиот нов циклус на дела претставува реалистичен поглед на егзистенцијалните естетски вредности, како што е жената.
Фигуративната композиција на овој циклус ја отсликува егзистенцијалната уметност на женската невиност и достоинство.