Самостојна изложба на слики на Драган Кузманоски во Кичево

Во уметничкиот салон на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево синоќа беше отворена 14-та самостојна изложба на слики на Драган Кузаманоски, насловена „20 години творештво“.

Ова е четврта изложба на Кузманоски во Кичево, каде беа претставени над 30 дела изработени во техники акрил и масло на платно. Изложбата ги опфаќа делата создадени во последните две децении, со фокус на руралната архитектура и нејзиното поетично значење. Посебно внимание привлече омилената творба на авторот, „Пролет“, насликана со акрил во 2020 година.

Најново

Последни колумни