Самостојна изложба на младата уметница Елизавета Матjушенко – „Црвен цвет”

Фокусот на проектот е ова уникатно растение кое може да се најде само на територијата на општина Богданци, тоа се нарекува Меурест Козинец – ботаничарите го познаваат и како „Astragalus physocalyx“.

На 23 септември, со почеток во 20:00 часот во кафе Буква ќе биде отворена самостојна изложба на младата уметница Елизавета Матjушенко – „Црвен цвет”.

Исто така на настанот со кратко предавање ќе се приклучат и претставници на организацијата ПОЛИМАТ 13.

Фокусот на проектот е уникатно растение кое е во Глобалната црвена листа. Ова растение може да се најде само на територијата на општина Богданци, тоа се нарекува Меурест Козинец – ботаничарите го познаваат и како „Astragalus physocalyx“.

,,Целта на проектот е да се прошири знаењето за Козинецот и да се заштити реткото растение. Делата се изработени во техниката polaroid emulsion lift, што ја прави сликата заматена и создава ефект на спомени. Така сакам да нагласам дека знаењето за ова ендемично растение треба да го популаризираме сега, а не кога веќе ќе исчезне. Растението цвета во рана пролет во периодот од април до јуни. Постои легенда, доколку го видите растението ке ве следи среќа низ цела година,, . Голема благодарност за помошта во работењето на фотографиите на Полимат 13 Богданци. Ако сакате лично да го видите растението – тие организираат екскурзии до местата каде расте Козинецот.

Проектот е направен во рамките на „работилницата одржливи заедници” со куратор Никола Узуновски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни