Во соопштението на Град Скопје се наведува дека изложбата е поддржана од Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје и Град Скопје, како дел од годишната програма која има за цел афирмација на аматерското творештво во рамки на циклусот „Претставуваме наградувани автори“.
„Добитничка е на награда и на повеќе признанија во рамките на учеството на неколку групни изложби. Слика во повеќе техники, портрети, карикатури, но и мурали во повеќе јавни објекти, училишта за изучување на странски јазици, кафулиња и салони“, стои во соопштението.