Во петок на 11 ти априлво 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Индија Мулен во Пионери. Мулен е мулти-дисциплинарна уметница од Ирска. Изминатава деценија таа работи во театар, телевизија и филм, појавувајќи се како актерка во низа проекти признати од критиката. На јавноста ѝ е особено позната по улогата во прочуената ТВ-серија „Нормални луѓе“.
Во последниве години Мулен се занимава и со филмска продукција и визуелна уметност. Нејзините фотографии се објавувани во Wonderland, W Magazine, NME и други списанија, а во моментов е во претпродукција за својот прв филм како сценаристка/режисерка.
Неодамна, Мулен се претстави со свои дела во Have A Butchers Gallery во источен Лондон, во рамките на изложбата Strange Quarks, курирана од Алегра Вентури во соработка со уметницата и дизајнерка Џоана Лордан.
„Од секаква суштин“ е колекција на фотографии кои го истражуваат идентитетот и нашиот однос кон себеси на возраст од 20 до 30 години, со фокус на прекумерната потрошувачка и чувството на изолираност во опкружување од бoja и шум.