Самостојна изложба на академскиот графичар Дарко Аницин – „Ремек дело на создавањето“

Проектот започна со објавување на јавен повик/интерактивен конкурс за учество на публиката, каде граѓаните и граѓанките праќаа по една предлог фотографија од своето омилено планинско место/планински масив или највисоката точка/врв,која го афирмира или карактеризира поднебјето од каде што потекнуваат

Вчеравечер во Галерија „КО-РА“ – голем салон, ЈУ Дом на Култура „Кочо Рацин“ Скопје, се отвори самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин – Самостојна изложба на академскиот графичар Дарко Аницин – „Ремек дело на создавањето“.

Проектот започна со објавување на јавен повик/интерактивен конкурс за учество на публиката, каде граѓаните и граѓанките праќаа по една предлог фотографија од своето омилено планинско место/планински масив или највисоката точка/врв,која го афирмира или карактеризира поднебјето од каде што потекнуваат:

– Шар Планина или Шара (Шарпланински масив)(највисок врв Титов Врв (2.747 м);

-Мал Турчин,Бакрдан, Љуботен, Ливадица, Пирибег…);

– Кораб или Корапски масив (Голем Кораб (2.764 м) – највисока точка на Корапскиот масив, на Шарскиот планински венец и највисок врв во Македонија, Мал Кораб, Кепи Бард, Црна Чука, Кабаш, Рибничка Скала…, на Кораб; Веливар, на Дешат (2.375 м); Голем Крчин, на Крчин (2.341 м).);

– Бистра (Меденица (2.163 м)…);

– Стогово или Стоговски масив (највисок врв Голем Рид (2.268 м) и Бабин Срт (на Стогово); Орли Врв (на Караорман);

– Јакупица (Јакупички масив, познат и под името Мокра) (највисок врв Солунска Глава (2.540 м); Караџица, Попово Брдо, Остар Брег, Убава, Остар Врв, Даутица, Перчулица…);

– Баба (највисок врв Пелистер (2.601 м);

– Јабланица (највисок врв Црн Камен (2.256 м), Стрижак, Крстец, Чумин Врв.);

– Галичица (со планините Стара Галичица, Асан Ѓура и Исток) (највисок врв е Кота (2.265 м) – на територијата на Македонија, Магаро (2.254 м).);

– Ниџе (Ниџе со Кајмакчалан и Козјак)(највисок врв Кајмакчалан (2.520 м), Манастириште, Ниџе.);

– Кожуф (највисок врв Зелен Брег (2.165 м), Дудица, Порта.);

– Сува Гора (највисок врв Добра Вода (2.061 м), Дупен Камен, Кула, Коњарник.)

Дарко Аницин – Авторот направи избор на фотографии по кои создаде 25 акрилни дела кои ќе ги претстави на интерактивна изложба. Секое ликовно дело е именувано по одбраната фотографија, планинска област, врв..(пр. Име на ликовното дело: Голем Кораб (2.764 м) – највисока точка на Корапскиот масив)

Проектот „РЕМЕК-ДЕЛО НА СОЗДАВАЊЕТО“ интерактивна изложба на Дарко Аницин е избран од Министерството за култура на Годинешниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2024 година, како проект од национален интерес во културата за 2024 година.

Дарко Аницин е роден 1977 година во Скопје. Тој е академски графичар и графички дизајнер кој своето образование го има стекнато во средното уметничко училиште “Лазар Личеноски” потоа на факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” Скопје. Својата креативност веќе 25 години најчесто ја изразува преку ангажмани во областа на графичкиот дизајн, по што е и најпрепознатлив пред широката јавност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни