Самостојна изложба и перформанс „Распаѓање“ на уметницата Маја Зеќо

Изложбата, придружена со целосен каталог во боја, е курирана од Џон Блеквуд и е великодушно поддржана од Skopje Pride и Прво Па Женско.“

Во сабота на 14 јуни во 20.00 часот во КПЦ Јадро ќе се отвори самостојната изложба и перформанс „Распаѓање“ на уметницата Маја Зеќо.

Сега со седиште во Абердин, Шкотска, делото на Зеќо користи стратегии од перформанс и звучна уметност за да се справи со современите ургентности за местото, идентитетот, миграцијата, деколонијалните и балканските футуризми. Таа изложувала меѓународно во Абердин, Единбург, Загреб, Сараево и Мелбурн, Австралија.

Таа ќе го изведе своето дело „Распаѓање“ на отворањето, на 14 јуни, и неодамнешното дело „Одбрани и заштити“ за време на изложбата, која содржи документација на делата преку видео и инсталација.

Изложбата, придружена со целосен каталог во боја, е курирана од Џон Блеквуд и е великодушно поддржана од Skopje Pride и Прво Па Женско.“

Распаѓање / Dissolutions Маја Зеќо – перформансот се прикажува во партнерство со Фестивалот за феминистичка култура Прво па женско и КСП Јадро

„Dissolutions“ (2022 – во тек) претставува слоевит одговор на овие несигурни времиња, означувајќи лични искуства со воен конфликт, траума и чувство на загуба. Ова долготрајно дело е богато со визуелна и звучна симболика, повикувајќи се на вековната репресија врз жените на Балканот. Маја Зеќо, со своето дисхармонично пилење на сазот и со користење на звукот од сирена на рачен погон за воздушна опасност, создава сензуално преоптоварена перформанс/инсталација која свесно ги користи вознемирувачките карактеристики на шумот. Заробено во звучна јамка под стробоскопски светла, изведбата на Маја го доловува телото во судир со минатото и со нашите колективни и индивидуални неизвесни иднини.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни