Само тројца луѓе во светот патуваат без пасош: Кој е на списокот и какви титули имаат

Само тројца луѓе во светот можат да патуваат во странство без пасош, а оваа привилегија се пренесува од генерација на генерација

За да се премине границата и да се патува во странство, потребно е да се имаат лични документи, пасош или лична карта.

Затоа сите патници, од бебиња до најстарите граѓани, мора да го имаат овој документ. Сепак, иако е малку познато, сепак постојат исклучоци, бидејќи има само тројца луѓе во светот кои можат да патуваат без пасош.

Кој може да патува без пасош?

Јапонскиот пасош е еден од најмоќните во светот. Додека јапонските граѓани можат да посетат повеќе од 189 земји без виза, на јапонскиот монарх воопшто не му е потребен пасош за да патува низ светот.

Царот Нарухито, 126-от владетел на Царската куќа на Јапонија, и неговата сопруга, царицата Масако, имаат слобода да патуваат во странство без пасош.

Покрај царскиот пар од Јапонија, третото лице кое може да патува без овој меѓународен документ е кралот Чарлс III.

Тој ја добил оваа привилегија по смртта на кралицата Елизабета, која почина на 8 септември 2022 година, и која исто така имала право да патува без пасош.

Несоодветно е да се издава пасош за царот

Претходникот на царот, царот Акихито, и неговата сопруга, царицата Мичико (родители на сегашниот цар), исто така никогаш не поседувале пасош. Министерството за надворешни работи на Јапонија одлучи дека „би било несоодветно да се издава таков пасош за царот или царицата“.

Сепак, дипломатски пасоши се издаваат и на други членови на царското семејство, вклучувајќи го престолонаследникот Фумихито и принцезата Кико.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни