На изборите ќе учествуваат пратеничката од ирската левичарска опозиција Кетрин Коноли, која има поддршка од лабуристите и партијата Шин Фејн, ветеранката од Фајн Гејл и актуелна членка на ирската Влада, Хедер Хамфрис, и спортистот и кандидат од партијата Фијана Фејл, Џим Гевин.
Ова е најмалиот број кандидати на претседателски избори од 1990 година, кога Мери Робинсон стана првата претседателка на Ирска.
Според анкетите фаворит е Хамфрис од најголемата проевропска партија Фајн Гејл во Ирска.
Претходно, конзервативната кандидатка Марија Стин, позната по борбата против абортусот, не успеа да добие поддршка од најмалку 20 пратеници за да се кандидира за претседател.
Претседателот на ирска нема извршна власт во владата, но потпишува закони и има можност да ги испрати законите на проверка на уставноста до Врховниот суд.