Само овие три профсии ќе го преживеат времето: Бил Гејтс вели дека сите други работни места ќе бидат „изедени“ од вештачката интелигенција!

Во време кога вештачката интелигенција сè повеќе презема улоги што некогаш им припаѓале на луѓето, милијардерот Бил Гејтс го сподели своето предвидување за иднината на работата.

Иако технологијата напредува со брзо темпо, Гејтс е убеден дека само три специфични професии ќе ја преживеат револуцијата што ја донесе вештачката интелигенција.

Гејтс предупреди дека многу работни места наскоро ќе станат застарени поради подлабоката интеграција на вештачката интелигенција во општеството. Иако вештачката интелигенција веќе се користи во различни индустрии, Гејтс верува дека нема да исчезнат сите работни места и дека постојат одредени области кои сè уште ќе бараат човечки надзор и креативност.

Програмери

Иако вештачката интелигенција може да генерира основен код, сегашната технологија сè уште не е совршена. Програмерите ќе продолжат да бидат клучни во следењето и поправањето на грешки, а исто така ќе бидат одговорни за развој на уште пософистицирани системи со вештачка интелигенција. Во суштина, на вештачката интелигенција ќе ѝ бидат потребни луѓе за да креира и следи уште понапредни системи за вештачка интелигенција.

Експерти за енергија

Гејтс истакнува дека енергетскиот сектор, кој вклучува нафта, нуклеарна енергија и обновливи извори на енергија, бара премногу експертиза и стратешко размислување за целосно автоматизирање. Експерти во оваа област, вклучувајќи инженери, истражувачи и техничари, ќе бидат потребни за управување со инфраструктурата, разбирање на индустриските предизвици и развој на иновации за иднината, истакнува „Унилад“.

Биолози

Во медицинската индустрија, вештачката интелигенција веќе игра значајна улога, но Гејтс верува дека технологијата сè уште нема доволно креативност за научни откритија. Биолозите ќе ја користат вештачката интелигенција како алатка за анализа на податоци и дијагностицирање на болести, но креативноста и иновацијата што доаѓаат од луѓето ќе бидат од суштинско значење за нови откритија во биологијата и медицината.

Гејтс признава дека можеби греши, но истакнува дека начинот на кој се користи вештачката интелигенција ќе го обликува секојдневниот живот на начин што ќе личи на промените што ги донесе индустриската револуција и развојот на интернетот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни