Само една лошо преспиена ноќ влијае на имунитетот

Три дена без сон и човекот нема да може да зборува јасно или да оди нормално. Додадете уште два дена и тој или таа најверојатно ќе халуцинира и ќе биде на работ на ментален слом.

Со други зборови, лишувањето од сон е лошо, па дури и без да се изложувате на екстремна будност со денови, продолжените периоди без препорачаните 7-8 часа сон може да доведат до сериозни здравствени последици.

Тим од американски лекари и научници откри дека „неоптималниот“ сон измерен во текот на пет години може да доведе до зголемување на ризикот од „смрт од сите причини за 29 проценти“.

Истражувањето објавено од Американската медицинска асоцијација (AMA) вклучува проучување на 46.000 луѓе и ја истакна потребата да се одржи „здраво времетраење на спиењето со текот на времето“ за да се остане здрав и да се спречи можноста од рана смрт.

Истражувањето на AMA ја следи работата објавена во The Journal of Immunology која покажува како една ноќ на слаб сон кај здраво младо возрасно лице негативно влијае на имунолошките клетки, што укажува на тоа дека подолготрајниот модел на недоволен сон може да ја зголеми веројатноста дека лицето не само што ќе страда од воспаление, туку и ќе го поткопа имунолошкиот систем.

Тимот откри дека иако прекумерната тежина придонесува за веројатноста за воспаление, а она што тие го нарекоа „посредни анализи“ покажаа дека нарушувањето на спиењето „независно придонесува“ за воспаление без оглед на тоа дали дебелината е фактор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни