Само една личност освоила Оскар и златен медал на Олимписки игри

Фото: David/Flickr | Martin Vorel

Само една личност во историјата успеала да освои златен медал на Олимписки игри, но и Оскар, како филмска награда. Станува збор за поранешниот легендарен кошаркар на ЛА Лејкерс, Коби Брајант.

Последните години се почесто се обрнува внимание на оние луѓе кои успеале да ги освојат најважните награди од разни полиња на уметноста. Тука пред се се мисли на Еми, Греми, Оскари и Тони. Тоа им успеало на Одри Хепберн, Вупи Голдберг и Џон Леџенд.

Од друга страна, не постои евиденција за освојување Оскар и златен медал на Олимпијада, бидејќи тешко е да бидеш и врвен уметник и врвен спортист, истовремено, а и тоа досега му успеало само на Коби Брајант, пренесува Сити магазин.

Фото: Christopher Johnson, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Во 2008 година американскиот кошаркар го освои својот прв златен медал, победувајќи на Летните олимписки игри во Пекинг со репрезентацијата на САД, а четири години подоцна во Лондон го повтори успехот.

Дополнително, Брајант успеа да го освои и Оскарот за краток аниминиран филм, „Dear Basketball“, кој тој го напиша и беше наратор. Овој филм беше негова емотивна посвета за времето поминато во спортот.

Најново

Последни колумни