Граѓаните на Србија остануваат длабоко поделени кога станува збор за членството во Европска Унија, покажуваат најновите анкети на јавното мислење. Околу 40 проценти ја поддржуваат евроинтеграцијата, додека приближно 30 проценти се против, а околу една четвртина немаат јасен став.
Истражувањата укажуваат и на растечка недоверба во процесот, бидејќи дел од граѓаните не веруваат дека земјата ќе стане членка во блиска иднина. Поддршката е поизразена кај помладите и повисоко образованите, додека кај постарата популација значително опаѓа.
Додека едните ги истакнуваат економските придобивки, владеењето на правото и демократските стандарди, противниците предупредуваат на двојни стандарди, политички условувања и можни економски последици, што дополнително ја продлабочува поларизацијата во општеството.