Само 30 минути пешачење дневно можат да ви го променат телото и умот

Пешачењето често се занемарува како форма на физичка активност, но експертите предупредуваат дека оваа едноставна навика може значително да влијае врз телесната тежина и општата здравствена состојба.

Како вид на кардиоваскуларно вежбање со низок интензитет, пешачењето не само што согорува калории, туку и го подобрува метаболизмот и придонесува за редуцирање на телесните масти – особено кога се комбинира со соодветна исхрана.

Личниот тренер и нутриционист Тери Татеосијан во разговор за порталот SheFinds објасни што се случува со организмот кога секојдневно пешачиме по половина час и зошто токму оваа активност треба да биде дел од нашето секојдневие.

Метаболизам, варење, сон и расположение

Пешачењето не е само броење чекори – со 30 минути дневна прошетка се активира метаболизмот и се подобрува регулацијата на шеќерот во крвта. Освен тоа, оваа активност го олеснува варењето, ја намалува надуеноста, го јакне срцето и крвните садови и има позитивно влијание врз квалитетот на сонот, особено ако се практикува наутро во природна светлина.

Дополнително, редовното пешачење позитивно влијае и на менталното здравје – го намалува стресот, го подобрува расположението и ја зголемува енергијата. „Ќе се чувствувате полесно, појасно и со повеќе волја. Пешачењето е еден од најлесните начини да се воспостави подобар однос со сопственото тело“, вели Татеосијан.

Долгорочно решение за слабење

За разлика од високоинтензивниот тренинг кој не е соодветен за секого, пешачењето е достапна и одржлива активност. Не го оптоварува телото, а сепак овозможува согорување на калории преку редовно движење.

„Колку повеќе се движите дневно, толку е полесно да создадете калориски дефицит без чувство на лишување“, објаснува таа, додавајќи дека пешачењето помага и при хормонален баланс, закрепнување меѓу тренинзи и олеснување на процесот на слабеење.

Сепак, предупредува дека само пешачењето нема драматично да го промени составот на телото доколку се стремите кон сериозно намалување на маснотии.

Back view of a beautiful couple in love hugging while walking along the beach

Комбинирање со сила и исхрана

„Ако пешачењето се комбинира со вежби за сила и со урамнотежена исхрана богата со протеини, ефектите се многу поизразени. Така побрзо се губат мастите и резултатите траат подолго“, посочува Татеосијан.

Таа додава дека пешачењето е одлична основа за здрав начин на живот, но дека за градење мускули и одржување на коскена густина потребно е да се вклучи тренинг со тежини два до четири пати неделно и да се внимава на внесот на протеини.

„Тренингот за сила создава мускулна маса, а пешачењето помага во нејзиното одржување“, заклучува таа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни