Само 20 минути во природа можат да го подобрат вашето здравје – еве како

Научниците потврдуваат дека дури и краток престој во природа, од само 20 минути, може да предизвика мерливи промени во телото – од намалување на стресот и крвниот притисок, до подобрување на имунитетот и микробиомот.
Mother and child are hugging and having fun outdoor in nature

Истражувања покажуваат дека престојот меѓу зеленило, дури и во локален парк, активира физиолошки реакции на смирување – срцевиот ритам се успорува, крвниот притисок паѓа, а телото почнува да лачи помалку стресни хормони како кортизол и адреналин.

„Доволни се само неколку минути меѓу дрвјата за телото да влезе во состојба на природен мир,“ објаснува професорката Кети Вилис од Оксфордскиот универзитет.

Покрај психолошката корист, природата влијае и на имуниот систем. Мирисите на бор, чемпрес и влажна земја содржат природни соединенија што ја поттикнуваат активноста на клетките кои се борат против вируси. Еден експеримент покажал дека само три дена поминати во природа може да го зголемат нивото на имуните клетки за 24%, а ефектот трае и по еден месец.

Исто така, контактот со земја и растенија внесува корисни бактерии во организмот – исти оние што често ги плаќаме преку пробиотици. Овие микроорганизми го подобруваат варењето, го намалуваат воспалението и го зајакнуваат имунитетот, велат експертите.

Ако немате можност често да шетате низ шума, експертите препорачуваат мали дози природа во секојдневието – саксиски цвеќиња, дифузери со етерични масла од бор или едноставно позадина со природни пејзажи на компјутерот. Дури и гледањето фотографии од природа ја намалува активноста на мозочните центри поврзани со стресот.

„Секој контакт со природата помага – без разлика дали е прошетка, мирис на дрво или само поглед кон зелено,“ нагласува професорката Минг Куо од Универзитетот во Илиноис.

Науката е јасна: природата е наједноставниот и најдостапниот лек за телото и умот – и понекогаш, доволни се само 20 минути за да почувствувате разлика.

Извор: BBC

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни