Самит во Скопје посветен на унапредувањето на родовата еднаквост и социјалните промени

Фондацијата Хајнрих Бол од Сараево организира самит The New Gen(D)eration, кој ќе се случи на 4ти и 5тти октомври 2023год. во хотел Холидеј Ин, Скопје. Самитот се реализира во соработка со Коалиција МАРГИНИ (Скопје) и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna.  Преку овој собир на активистки, академици, истражувачки, креатори и креаторки на политики и други оператори од регионот и пошироко, е да се продлабочи разбирањето, да се сподели знаењето и да се развијат стратегии кои придонесуваат на унапредувањето на родовата еднаквост и социјалните промени. Целта е да се истражат и адресираат предизвиците со кои се соочува граѓанското општество при третирање на овие прашања, како и да се унапредат родовата демократија, правата на жените и ЛГБТИК лицата.

 Самитот е фокусиран на три поенти:

а) Одговор на порастот на анти-родовите мобилизации, главен говор: Роман Кухар

Со оваа тема ќе навлеземе во анти-родовите иницијативи и ќе истражуваме стратегии кои ја предизвикуваат дискриминацијат, негуваат инклузивност и промовираат диверзитет во нашите општества;

б) Демонтирање идеологии на насилство, главен говор: Адријана Захаријевиќ

Преку разбирање и адресирање на патријархалните идеологии (патријархат, верски фундаментализам и популизам), целиме да негуваме општества кои одбиваат насилство, промовираат родова еднаквост и обезбедуваат сигурност и добробит за сите индивидуи;

в) Феминистички институции, главен говор: Сузана Милевска

Основањето на феминистички институции е круцијален чекор во изградбата на родово еднакво општество. Овој сегмент ќе ги третира предизвиците поставени од формалистичкиот легализам, кој го попречува ефикасното спроведување на законите за родова еднаквост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни