Сали Ертунч: Каде што креативноста се среќава со страста

Во областа на уметноста и дизајнот, постои интересна индивидуа по име Сали Ертунч – креативна сила чија работа им пркоси на конвенциите и чие срце чука со непоколеблива љубов кон семејството. Еден карактеристичен аспект на уметничкото патување на Сали е неговата одбивност кон традиционалниот портрет. Надвор од платното, најголемото ремек дело на Сали е несомнено нивното семејство – извор на безгранична љубов и инспирација. Во топлината на семејните врски Сали наоѓа утеха и гориво за да напредува во уметничката одисеја.

Креативната палета на Сали е насликана со восхит од уметничките личности како Баскијат и Хенри Матис. Нивната работа, преполна со иновации и смели изјави, длабоко резонира со уметничките сензибилности на Сали. Тоа е доказ за остроумното око и благодарноста на Сали за оние кои се осмелуваат да ги поместат границите на конвенционалната уметност. Во еден контемплативен момент, кога го прашавме за патување назад во времето, срцето и имагинацијата на Сали се издигнуваат кон средба со легендарниот Винсент ван Гог.

Трн: Кога беше најсреќен?

Сали: Среќата повеќе не ми е важна, но нашето фамилијарно патување до Турција ми беше единствена детска меморија во која што сум најсреќен. А второ место е кога за прв пат патував во Словенија, таму веќе требаше да живеам сам. Немаш умор, имаш само енергија и многу среќа. Ко заљубен!

Трн: На која жива личност најмногу и се одушевуваш и зошто? Имаш ли некои примери кои извршиле силно влијание врз твојата работа?

Сали: Не сум голем фан на многу уметници, посебно на тие мајсторишта ИЧ!!! Но ги обожавам Баскија, Хенри Матис, Кеит Харинг, Караваџио, Франсиско де Гоја, Ејвинд Ирл, Katsushiko Hokusai, Kiyoshi Saito, Maki Haku и уште еден куп други што не ми текнуваат сега но повеќето од овие имиња се мртви. Едино Дејвид Хокниј е сеуште жив и тој ми е омилен уметник од Поп Арт ерата. Неговата естетика, изборот на боите и филозофијата е тоа што ме влече накај него.

Трн: Омилено животно знам дека ти е мачка, мачките се познати по тоа што на уметниците им даваат фокус и креација во работењето, ти помага ли тебе твоето маче на тој начин?

Сали: Мачките се слатки и ликовнаците најчесто се обидуваат да нацртат нешто слатко или убаво. Инстинкт е. Чим видиш убаво лице, тоа е повеќе од што гледаш. Тоа е линија неиспрекината, тоа е мазност мајсторска, тоа е убавина во целост. За џабе не паѓале толку женски на уметниците во Париз, во 20.век . 

Трн: Ако не беше уметник, што ќе беше?

Сали: Најверојатно економист. Средно завршив економско и ме бива за бизнис план 🙂

Трн: Што никогаш не би нацртал?

Сали:Нарачка портрети. Не дека деградирам, туку не знам да цртам портрети по нивен вкус, а истовремено можам да дизајнирам по нивни вкус. 

Трн: Што ти е највредно од она што го поседуваш?

Сали: Секогаш најновото. На пример за сега ми е сазот и тоа ќе ми биде додека не сум го научил да свирам. Не се поврзувам за материјални работи и не го наоѓам задоволството во тоа. Верувам дека во таков случај не би бил карактерот што сум денеска.

Трн: Што им должиш на родителите?

Сали: Ниту ни еден збор нема во речникот турски и македонски што може да ја објасни мојата благодарност што им ја должам. Никогаш не ме поддржале во нешто што правам и никогаш не ме сфатиле во мојата работа, но и никогаш не биле пречка во мојот пат. Секогаш мераклии во мојата работа и пружеле помош за сѐ што можеле. Ги обожавам и ги сакам.

Трн: На кој би сакал да му се извиниш и зошто?

Сали: Го живеам животот на тој начин што сум видел од моето семејство. Тие секогаш ги почитувале другите и биле хардворкерс. Луѓе што ги обожаваат и луѓе што ги мразат ги третирале исто. Времето потрошено со сакани и несакани ги имаат исполнето со убави мемории. Учејќи од моите сметам дека не сум згрешил до сега, а доколку некој се чувствува повреден и очекува извинување, другар, најди ме!

Трн: Доколку како во времеплов би можело да се патува назад, каде би заминал?

Сали: Би сакал да му бидам асистент на Ван Гог, би сакал да сум му најдобар другар на Баскијат, би сакал да дозанвам за пирамидите како ги изградиле и би сакал да сум јас инспирација на Њутон фрлејќи му јаболко над глава. Би сакал доста многу, освен да ја сменам хисторијата. Верувам дека Хитлер да не бил, ќе беше некој друг. Џенгис Хан да бил абортус, ќе бил братот негов гигант. Само би сакал да сум инспирација / да се инспирирам.

Трн: Како се опушташ?

Сали: Музика и со експериментално цртање. Има и точак возење до Матка, но најчесто сам.

Трн: Што сметаш дека е твоето најголемо достигнување?

Сали: Што се запишав на Ликовна академија! Бидејќи се започна од таму. И панк кога почнав да слушам но тоа веќе слабо го правам, освен во визуелите како панк естетика. А во професионална база е годината 2022. Таа година успеав да направам 5 самостојни изложби и да бидам дел од 3 групни изложби. Таа година ги извадив сите мои цртежи од фиока.

Трн: Која е најважната лекција што ја научи од животот?

Сали: Секој е дојден на овој свет да го искуси животот свесно. Треба животот да се почитува како и луѓето. До сега немаме доказ дека постои друг живот во универзумот освен нашиот живот со СВЕСТ!

Трн: Откриј ни една тајна?

Сали: Доста луѓе не го знаат ова: имам купено саз!

Трн: Со која историска фигура најмногу се поистоветуваш?

Сали: Фридрих Ниче, не сум толку моќен како него, но се обидувам да го разберам.

Трн: Кои се твоите херои во реалниот живот?

Сали: Семејството! Можеби дека касно ми текна да ги истражувам како карактер.

Трн: Кој збор прекумерно го употребуваш?

Сали: Интересно!

Најново

Последни колумни