Сакура – фестивал на јапонската култура во МКЦ

Фестивалот на јапонска култура ги повикува сите кои ја сакаат природата и културата да им се придружат утре во МКЦ. На 1 јуни во Младинскиот културен центар ќе се одржи фестивалот за јапонска култура Сакура фестивал – како македонски заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија и по повод 30 годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи.

Фестивалот почнува во 11 часот со свечено отварање на кое пригиден говор ќе одржат
амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја и директорката на Директорат за билатерални
односи со воневропски држави/МНР. На отоворањето, амбасадорот ќе одржи и мал
концерт на класична гитара.
Од организацијата Јапанетмк велат: „Листата е долга и исполнета со звучни имиња. Имаме три концерти од млади музичари, еден пијано концерт, лајв сет со амбиентална музика, балет инсириран од јапонски буто танц, три панел дискусии (за јапонска култура и природа, архитектура и филм), претставување на 5 јапонски боречки вештини, две работилници, презентации и церемонија на чај, цртање во живо, две групни изложби, 4 натпревари во гејминг, 4 модни дизајнери, два ресторани со
јапонска храна и над 15 излагачи на базар за изработки, аниме квиз, косплеј презентација, и мануелно принтање во живо“.

Овој фестивал е создаден со вклучување на заедницата и голем број млади луѓе, заедничко помагање и соработка на поединци, кои ја сакаат јапонската култура и имаат заедничка цел да ја унапредат нашата.
Слоганот на ова издание на фестивалот „Расцути ја иднината“ – поврзано и со самото име на фестивалот Сакура (црешов цвет) -повикува кон градење на поодржлива иднина за сите, за која треба да почнеме да работиме уште веднаш. Мотото потекнува од јапонскиотцизраз „мотаиниа“ кој значи: „немој да го трошиш она што е вредно“.
Од организацијата ги повикуваат сите кои ја сакаат оваа древна, но модерна култура, ја ценат општествената одговорност, се борат за повозвишена општа култура и сакаат
иднина во склад со природата да го посетат утрешниот фестивал и да ја прослават
убавината заедно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни