Сакура – фестивал на јапонската култура

Јапанетмк, организација која се занимава со промовирање на јапонска кутура во земјава го објави датумот и местото на годинечниот фестивал за јапонска култура (трет по ред) со ново име Сакура фестивал.

Во нивните објави најавуваат тема која ќе се занимава со природата и одржливоста, односно како да научиме од таа далечна источна култура да ја почитуваме и да живееме во склад со природата градејќи си подобра иднина. 

„-Овој пат ќе влечеме инспирација преку визионерските уметнички дела, перформанси и музички изведби, ќе научиме од јапонските вештини и искуства што може да ги примениме во нашето општество, култура и само дисциплина, ќе гејмаме и ќе се забавуваме!“ – велат организаторите на фестивалот во најавата.

Слоганот за оваа година е „Расцути ја иднината“ фрлајќи светло на нашата лична одговорност и ангажираност за тоа каква иднина ќе доживееме како како заедница.

Од Јапан@мк најавуваат многу богата програма опфаќајќи уметнички изложби, настапи и перформанси, панел дискусии, мода, презентации, боречки вештини, гејминг и многу забава. Секако ќе може да се проба и јапонска храна и да се набават сувенири.

Фестивалот оваа година ќе се одвива во Младинскиот Културен Центар на 1 Јуни

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни