Саем на студии во Франција 2024, во понеделник во 11 часот, во Националната Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски”

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка

Во понеделник на 28 октомври во 11 часот, во Националната Универзитетска библиотека ,,Св. Климент Охридски” ќе се одржи Саем на студии во Франција 2024.

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

-Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми, стипендии и студиски програми на англиски јазик директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција – велат од Францускиот институт во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни