САД започнуваат проверка на податоците на 55 милиони издадени визи

Штом се појави „каков било знак за потенцијална неподобност“, Стејт департментот веднаш ќе ја поништи визата на конкретното лице

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави проверка на евиденциите на над 55 милиони луѓе кои имаат важечки визи во САД, за да утврди дали постојат одредени прекршувања што би можеле да доведат до нивна депортација.

. Сите 55 милиони луѓе кои во моментов имаат важечки американски визи ќе бидат опфатени, изјави претставник на Стејт департментот.

Според него, штом се појави „каков било знак за потенцијална неподобност“, Стејт департментот веднаш ќе ја поништи визата на конкретното лице.

Тоа вклучува работи како пречекорување на престојот, криминални активности, закани за јавната безбедност, како и „учество во каква било форма на терористичка активност или поддршка на терористичка организација“.

Овој чекор значи заострување на мерките против странците на кои им е дозволено да останат во САД, јавува агенцијата АП.

Според најавите, посебен акцент ќе се стави на засилена проверка на студентските визи. Стејт департментот во понеделникот објави дека откако секретарот Марко Рубио ја презеде функцијата во јануари, се поништени 6.000 студентски визи.

Со тоа бројот на одземени студентски визи се зголеми за четири пати во споредба со истиот период минатата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни