Меѓу 50-те закони коишто ги потпиша актуелниот американски претседател Џо Бајден е и тој што го направи белоглавиот орел официјалna птица на Соединетите Држави. Федераланата влада досега не назначила национална птица.
Меѓу останатите нацрт-закони потпишани од американскиот претседател во заминување се нацрт-законот на Парис Хилтон за заштита на тинејџерите кои живеат во установи за лекување и нацрт-законот за спречување на членовите на Конгресот да собираат државни пензии доколку бидат осудени за одредени кривични дела поврзани со јавна корупција.
Претходниот закон им дозволуваше на членовите на Конгресот да продолжат да добиваат чекови само откако ќе бидат исцрпени сите жалби. Новиот двопартиски закон доаѓа откако сенаторот Боб Менендез од Њу Џерси оваа година беше осуден за користење на своето политичко влијание во корист на бизнисмените и странските влади во замена за мито.
Инаку, пред 2 дена претседателот Бајден помилува 37 од 40-те федерални затвореници на кои им се заканува смртна казна, менувајќи им ја казната со доживотен затвор без можност за условно ослободување. Бајден, исто така, стави и вето на нацрт-законот со кој ќе се изберат 66 нови федерални судии, велејќи дека Претставничкиот дом го избрзал без да реши важни прашања за тоа како ќе се спроведе.